Украдени моштите на Александар Невски и 13 светци од 13 век

Моштите на 13 светци, вклучувајќи ги и оние на националниот херој принцот Александар Невски, украдени се од црква во Санкт Петерсбург, соопштија локалните власти во средата, пренесе „РИАНовости“.

Вработен во црквата „Света Катерина“ во областа на островот Василјевски, ја пријавил кражбата во полиција, во вторникот.

„Во понеделникот, крадците влегле во црквата преку прозор на првиот кат и отишле во канцеларијата на ректорот од каде украле мошти од 13 светци, вклучувајќи ги и оние на Свети Александар Невски. Тие, покрај тоа украле и метален пехар со сликите на светците и пет крстови за крштевање од жолт и бел метал“, вели изворот за „РИАНовости“.

Полицијата отвори истрага за пронаоѓање на крадците.

Пронајдете не на следниве мрежи: