Копија од бразилската статуа на Христос поставена во Париз

Loading...

Париската копија на скулптурата, чиј автор е Одилон Лима, е направена во сооднос еден спроти десет во однос на оригиналот: нејзината височина изнесува  3,8 метри, а растојанието на рацете – три метра. Според планот на организаторите на нејзиното поставување, скулптурата ќе стане „амбасадор” на Светскиот ден на католичката младина, што ќе се одржи во Рио Дежанеиро во јули 2013 година.

Статуата ќе стои пред храмот во француската престолнина само три дена. Таа потоа ќе бидат донирана на градот Париз и ќе биде преселена на друга локација.

Деновите на младината, коишто се одржуваат на секои три години во различни земји по иницијатива на Католичката црква, досега се одржуваа во Рим (Италија), Сантијаго де Компостела (Шпанија), Ченстохова (Полска), Денвер (САД), Манила (Филипини) Париз (Франција), Келн (Германија), Сиднеј (Австралија) и Мадрид (Шпанија).

makfaks

loading...
Loading...