Отворен самитот на Неврзаните во Техеран

Шеснаесеттиот самит на 120-те држави на Движењето на неврзаните започна во четвртокот наутро во иранската престолнина Техеран, со присуство на 29 шефови на држави и влади

Самитот по кој Иран ќе го преземе во следните три години претседателството со Движењето на неврзаните, Техеран го претставува како важен дипломатски успех наспроти Западот кој се обидува меѓународно да го изолира поради неговата контроверзна нуклеарна програма.

Иран се надева дека ќе се возобнови оваа организација која настана во периодот на Студената војна како противтежа на блоковската поделба на светот предводена од суперисилите, во прв ред на САД. Под иранското водство, самитот би требало да ги осуди едностраните санкции на Западот коишто ги погодуваат повеќе земји членки на движењето, Иран на прво место, воведени со образложени поради нуклеарните политики или кршењето на човековите права.

Самитот, исто така, би можел да изнесе и ставот коишто се поблиски на оние на Техеран за повеќе теми својствени за движењето на неврзаните, како што е „демократизација“ на Советот за безбедноста на Обединетите нации поради намалувањето на влијанието на големите сили, отфрлање на секое вмешување во внатрешните работи на членките, поддршката за основање палестинска држава, повикување на нуклеарно разоружување.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: