Отпуштен еден од шефовите на Јаху поради забелешка за Ромни

Порталот „Јаху њуз“ го отпушти шефот на редакцијата во Вашингтон бидејќи во микрофон рекол дека републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни и неговата сопруга „се среќни да имаат забава со црнци кои се дават“.

Дејвид Келејен коментарот за Ромни и неговата сопруга го дал само неколку мигови пред почетокот на директниот пренос на Јаху од републиканската конвенција во Тампа, на Флорида во вторникот вечерта.

Коментарот на шефот на вашингтонската редакција на Јаху најверојатно е алузија на тоа што републиканската конвенција се одвива во моментно кога ураганот Исак стигна до Њу Орлеанс, во сојузната држава Луизијана, наведува Асошиејтед прес.

Портпаролот на компанијата Ен Еспириту изјави дека забелешката на Дејвид Келијен е „неприкладна“ и не претставува гледиште на Јаху.

Еспириту во име на Јаху им се извини на Ромни и на неговите приврзaници.

макфакс

Loading...