Фицо:Шансите за распад на еврозоната се 50%

Премиерот на Словачка Роберт Фицо изјави дека судбината на еврозоната виси на влакно, а шансите за распад на блокот со единствена валута се 50%, јави агенцијата Франс прес. 

„Гледам 50 процентна можност еврозоната да се распадне и 50 проценти за нејзино оздравување“, рече Фицо на прес конференција во Братислава.

Според него, заздравувањето на единствената валута ќе зависи од тоа како земјите со финансиски потешкотии ќе успеат да се справат со кризата.

Фицо прецизираше дека реакциите на повиците за поблиска европска интеграција или ќе доведат до „зајакнување на Европската унија и еврозоната, или до нивен распад“.

Преземено од МакФакс

Пронајдете не на следниве мрежи: