Во петок на небото ќе се појави „Сина Месечина“

Во петок вечер на ноќното небо ќе може да се забележи феномен познат како Сина Месечина, што се случува на секои две ипол години.

Месечината всушност нема да биде сина, бидејќи станува збор за израз што се користи кога полната Месечина во еден календарски месец ќе се појави двапати.

Последен пат оваа појава е забележана во 2011 година, а се предвидува следен пат Месечината да „посини“ во 2015 година.

Појавите кога Месечината навистина ќе поприми сина боја, гледано од Земјата, се многу ретки, а ги предизвикуваат вулкански ерупции или исклучително големи пожари. Но самите ерупции или пожарите не го предизвикуваат тоа, туку честичките кои не пропуштаат црвена боја ќе завршат во атмосферата, па на посматрачите им се чини дека Месечината е сина.

 

Преземено од МакФакас   www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: