Хрватска со пад на БДП во вториот квартал од 2,1 отсто

Хрватскиот бруто домашен производ (БДП) падна во вториот квартал за 2,1 отсто во однос на истиот период лани, што е најголем пад на хрватската економија во последните две години, но е помал од очекуваното.

Државниот завод за статистика ја објави во петокот првата проценка, според која БДП во вториот квартал бележи пад од 2,1 отсто, што претставува продлабочување на рецесијата, со оглед дека во првиот квартал беше забележан пад од 1,3 отсто.

Падот во вториот квартал е најголем од второто тромесечје во 2010 година, кога беше остварен пад од 2,5 отсто.

Сепак падот е помал од очекуваниот, со оглед на прогнозите на експертите, кои предвидуваа пад од 2,3 отсто.

Хрватска е во рецесија од почетокот на 2009 година, со тоа што во два наврати, во третиот квартал од 2011 година и вториот во 2011 година, технички излезе од рецесија, но само накратко.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: