четврток, 12 ноември 2026
Најново

146 тела се пројадени по страшниот пожар во облакодери во Хонг Конг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повторно се зголеми бројот на жртви во катастрофалниот пожар што минатата недела го зафати станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг.

Локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Спасувачките служби продолжуваат да ги пребаруваат изгорените станбени згради, а Шук-јин Цанг, раководител на полициската единица за идентификација на жртви, изјави дека околу 100 лица сè уште се водат како исчезнати.

Пожарот се прошири низ седум од осумте кули и не беше целосно изгаснат до петок наутро. Полициските екипи досега успеаја да ги пребараат четирите најтешко погодени згради, а потрагата по жртви сè уште е во тек.

Поврзани вести