Сите банки во еврозоната од 2014 под надзор на нов заеднички супервизор

Банките во еврозоната постапно ќе преминуваа под надзор на нов заеднички супервизор, со тоа што сите 6.000 кредитори би требало да минат во негова надлежност од 1-ви јануари 2014 година, изјави во петокот европскиот комесар Мишел Барние.

Французинот Мишел Барние раководи со подготовките на плановите за воспоставување заеднички супервизор во рамките на создавање рамка со којашто на новиот европски кризен фонд би му се овозможило директно да ги спасува заемодавачите. Со тоа се сака да се поштедат државите од обврската поради паднатите банки да бараат комплетен пакет за надворешна финансиска помош.

„Убедени сме дека сите банки мораат да бидат подложени на централизиран надзор“, изјави Барние за германскиот весник Sueddeutsche Zeitung.

Европската централна банка (ECB) ќе ги добие сите инструменти потребни за ефикасен надзор на банките и ќе биде крајната одговорна инстанца за сите одлуки, додава Барние.

Во разговорот за францускиот деловен дневен весник Les Echos, пак, Барние истакнува дека промените нема да се случат преку ноќ. „Спроведувањето ќе биде постапно“, нагласува.

Така, во првата фаза европскиот супервизор веднаш ќе го преземе надзорот над банките коишто ќе примаат помош од Европскиот стабилизациски механизам (ESM). Тој, пак, почнува да функционира од 1-ви јануари 2013 година.

„Од тој датум теоретски ќе биде можна директна докапитализација на банките од кризниот фонд“, потсетува Барние.

Во следната фаза, централизираниот надзор би бил проширен на најголемите, ткн системски значајни банки, за на крахот, од 1-ви јануари 2012 година под негова надлежност да потпаднат сите шест илјади банки во земјите членки на еврозоната.
Притоа потсетува дека изминатите години голем број од проблемите го предизвикаа токму банките коишто не се од поголема важност за финансискиот систем, како што се „Northern Rock“, „Dexia“ и „Bankia“.

Претседателот на  Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ќе го претстави соодветниот предлога на 12-ти септември.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: