Курсот на еврото кон доларот на највисоко ниво во 8 седмици

Еврото во петокот зајакна во однос на доларот на меѓународните девизни пазари, достигнувајќи го највисокото ниво во последните осум седмици, пред говорот на челникот на американската централна банка.

Еврото во такви околности во однос на американскиот долар зајакна за 0,7 отсто, на 12595 долари, што претставува негово највисоко ниво од почетокот на јули годинава.

Доларот, пак, ослаби и во однос на јапонскиот јен, и со него се тргуваше по 78,43 јени.

Подобрените макроекономски показатели благо ги придушијa очекувањата дека гувернерот на американската централна банка Federal Reservе – Fed, Бен Бернанке во говорот што подоцна во петокот ќе го има во Џексон Вил, САД, на состанокот на челниците на централните банки, ќе сигнализира нов круг купување обврзници или трет бран на квантитативното попуштање на монетарната политика.

Поддршката на еврото му дадоа, пак, изјавите на члeнот на извршниот одбор на Европската централна банка – ECB, Беноа Коеру, дека Банката треба да ги купува државните обврзници со строги услови Со тоа ги подгреа очекувањата на пазарите дека ECB ќе ги купува државните обврзници на Шпанија и Италија, за да го намали нивниот висок трошок на задолжувањето.

Единствената европска валута во петокот дополнителна поддршка доби и од очекувањата на пазарите дека ECB на редовното месечно заседание закажано за 6-ти септември најави решителни чекори за решавањето на должничката криза во еврозоната.

Според аналитичарите, иако говорот на Бернанке на собирот на централните банкари кој започнува во петок доцна попладне по македонско време во Џексон Хол, е во центарот на вниманието на пазарите, поголемо влијание врз еврото ќе има заседанието на ECB закажано за 6-ти септември.

Написите во германските медиуми дека првиот човек на германската „Bundesbank“, Јенс Вејдман се спротиставува на планот за купување на обврзниците и дека во повеќе наврати јавно размислуваше да поднесе оставка, ги ставија во прв план пречките коишто стојат на патот на централната банка на еврозоанта. Извештајот немаше  позначително влијание на еврото поради перцепцијата на пазарите дека таквиот план, сепак, би можел да добие зелено светло, имајќи ја предвид поддршката од другите германски функционери, како што е во прв ред канцеларката Ангела Меркел и германскиот член на извршниот одбор на ECB, Јерг Асмунсен.

МАКФАКС

Пронајдете не на следниве мрежи: