Инфлацијата во еврозоната забрза во август

Loading...

Инфлацијата во еврозоната скокна во август повеќе од очекуваното, што би можело да ја поколеба Европската централна банка (ЕЦБ) да ги намали каматните стапки на седницата најавена за идната недела.

Европскиот завод за статистика проценува дека потрошувачки цени во 17-члената еврозона во август се зголемиле за 2,6 отсто, во однос на истиот месец лани, а аналитичарите предвидуваа инфлацијата да изнесува 2,5 отсто.

Во претходниот месец, инфлацијата во еврозоната изнесуваше 2,4 отсто. Стапката на инфлацијата во еврозоната беше во пад од ноември 2011 година, кога достигна три отсто, по штос е стабилизираше на 2,4 отсто  во мај, јуни и јули.

ЕЦБ сака да ја задржи инфлацијата близу два отсто, а економските се поделени околу тоа дали банката на состанокот во четврток ќе ги снижи каматните стапки за да поттикен економски раст. 

макфакс

loading...
Loading...