Сириските бунтовници возвратија на воздушните напади

Сириската вооружена опозиција во саботата во источниот дел од земјата заземала пункт на противвоздушната одбрана и нападнале воен аеродром, возвраќајќи на воздушните напади на леталата на воздушните сили на регуларната армија.

Бунтовниците во градот Деир ал-Зор во саботата рано наутро заземале една зграда на чиј покрив имало противвоздрушна опрема, и заробиле најмалку 16 лица, притоа заробувајќи и непознат број противвоздушни проектили, изјави Рами Абдулрахман од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон кого често го цитираат западните медиуми, но официјален Дамаск и руското министерство за надворешни работи тврдат дека станува збор за нерелевантен извор.

Истоимената покраина Деи ал-Зор е богата со нафта, а нападите уследија откако бунтовничките сили ги нападнаа воените аеродроми во областите на Алепо и Идлиб, во близина на сириско-турската граница.

Армијата на владата на алавитот претседател Башар ал-Асад 18 месеци се обидува да го задуши бунтот со кој мнозинското сунитско населени сака да го собори од власта, според Опсерваторијата ја нема контролата врз руралните области во северниот, источниот и јужниот дел од земјата и, како што вели Абдулрахман со напади на борбени хеликоптери и авион се обидува да ги спречи напредувањата на бунтовниците.

Поради воздушните напади Турција соопшти дека ја заплиснал нов бран сириски бегалци, па Анкара ги повтори повиците меѓународната заедница да направи „безбедносна тампон зона“ на сириска територија.

На овој апел негативно одговорија Советот за безбедност на Обединетите нации и западните сили кои не се склони да испратат воени сили коишто би биле потребни за формирање на таквата зона.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: