15 Работи кои НЕ БИ ТРЕБАЛО да ви бидат важни во потрага по партнер

Дали вашите критериуми се малку повеќе површни?Неговата висина. Ок, може да биде малку повисок, но навистина ли може да биде критериум за веднаш да ја прекинете врската со потенцијалниот партнер? Нема ништо лошо во тоа да ве привлече партнер кој не ги исполнува сите ваши критериуми. Некои работи се сепак поважни од некои други.
 Неговата градба. Неговото тело не е обликувано како на вашиот поранешен дечко? Но тој дечко со совршено тело, поради некоја причина сега е ,,бивши”. Од друга страна, совршената градба не трае засекогаш. Научете тоа да го прифатите сосема нормално.
 Не пие. Само затоа што неделата не ја поминува опоравувајќи се од лошиот и непреспан викенд, не значи дека не е супер дечко. Неговите навики можат многу да се разликуваат од вашите, но тоа не е причина да го отфрлите пред да му дадете шанса.
 Сеуште живее со родителите. Не осудувајте го – за ова можеби постои добра причина. Можеби родителите му го отплаќаат долгот за факултет или пак можеби мора да се грижи за некој од нив. Има доста потенцијални причини и не мора да значи дека е мрзлив и неодговорен.
 Годините. Кога сте заљубени, не е важно колку е млад или постар од вас. Она што е важно е да делите слични интереси и да взаемно да уживате. Годините можеби некогаш ќе ви создадат проблем, но во почетокот не би требало да претставува некој критериум.
 Вашиот прв впечаток за неговиот стил. Може не се совпаѓа со момчето од вашите соништа, но тоа не значи дека не доаѓа во предвид. Кој знае? Можеби токму таа негова потполна различност тотално ќе ве избезуми.
 Што вашите пријатели мислат за него. Знаеме дека ги почитувате мислењата на вашите најблиски, но освен ако не примаат лоши вибрации на некој сериски убиец или психопат, а вас ве прати повторно лоша проценка, не допуштајте нивното мислење да влијае на вашето. Сепак, вие сте со него, не тие!

 Неговата работа. Освен ако неговата улога во работата не ја вклучува титулата ,,ишкање на мачки”, немојте пребрзо да судите. Постои голем број на луѓе кои работат но воопшто не се вклопуваат во околината. Само затоа што работи во даночната администрација, не мора да значи дека е грозна личност.
 Број на девојки со кои спиел. Можеби е малку поискусен во кревет за разлика од вас, но можеби и спротивно. Како и да е, тоа што се случувало пред вас да ве запознае, не би требало да влијае врз вашиот однос.
 Број на врски кои ги имал. Можеби е тип на личност која многу брзо влегува во врски, а можеби пак сеуште не ја запознал вистинската со која би делел многу повеќе отколку една ноќ заедно. Кога љубовта е во прашање, некои работи едноставно се непредвидливи.
 Ваши заеднички интереси. Да, би било супер случајно да налетате на фраер кој дели исти интереси со вас, кој ќе го интересира се во што вие се интересирате, но замислете само колку таа врска би била досадна после некое време. Различните интереси честопати се покажале како подобро отколку лоши – со него ќе имате прилика да искусите нешто ново. Па нели тоа е супер?
 Неговата облека. Тоа што неговата плата оди во купување на скапа облека или пак секојдневно носи маички со рекламни натписи, не може никако да влијае во квалитетот на вашата врска. Покрај тоа, тие ужасни чевли кои не ги соблекува, може и да ,,исчезнат”…
 Колку бил на патување. Фактот дека сеуште немал прилика да отпатува некаде подалеку од својот роден крај, не мора да значи дека е неписмен и неук. Причините можат да бидат бројни. Искористете го ова како прилика заедно да отидете на патување.
 Неговата поранешна девојка. Девојката со која бил нема никаква врска со неговиот вкус ниту пак со чувствата спрема вас. Љубовта не е натпревар – покрај се, тој сега е со вас и потрудете се тоа да биде најдобрата одлука која некогаш ја направил.Неговата висина. Ок, може да биде малку повисок, но навистина ли може да биде критериум за веднаш да ја прекинете врската со потен

Пронајдете не на следниве мрежи: