– Во извание на книгоиздателството „Сандроф“ деновиве во Загреб се појави хрватскиот превод на романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, а промоцијата на наградениот роман на македонскиот автор се најавува за средината на cептември.
Издавачката куќа која го публикуваше македонскиот роман во библиотеката „Авантура“ во која досега се објавени романите на: Срѓан Ваљаревиќ („Комо“), како и забележаните прозни книги на Роберт Перишиќ, Дамир Каракаш, Алја Терзиќ, Јуриј Худолин.
„Романот 21. не` води низ македонската политичка, но и литературна историја“ – стои забележано на корицата на хрватското издание – “и претставува своевиден tour de force на Томислав Османли кој со оваа книга се обидува да ги објасни слоевитите поделби во самото македонско општество и апокалиптичкиот карактер на балканскиот идентитет“.,м се вели во најавата на загрепската издавачка куќа.
Авторот на романот „Дваесет и првиот“ е претставен со јадровита биографија во која се подвлекува разновидноста на неговиот творечки опус, при што се истакнува дека книгата е добитник на наградата за Роман на годината во Македонија.
Романот „Дваесет и првиот“ на македонски јазик се појави на крајот од 2009. година во издание на книгоиздателсвото „Блесок“ од Скопје, и до сега доживеа две изданија на македонски јазик. Хрватската е првата од неколкуте странски објави што претстојат пред наградениот роман на нашиот автор кој во 2010. беше избран како македонски кандидат за меѓународната награда „Балканика“ високо рангирајќи се во силната конкуренција.
Хрватскиот преводот на романот „Дваесет и првиот“ го реализира прведувачот и лингвистот Проф. Д-р Борислав Павловски од Загреб.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: