Во БиХ помилуван еден од најопасните криминалци

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир го помилувал извесен Мерсед Хаџиќ наречен Мирсо Швајцарец, кого локалните медиуми го сметаат за еден од најголемите криминалци во земјата.

Мерсед Хаџиќ баран по потерница распишана од меѓународната полиција Интерпол во Сараево, на 5-ти март годинава бил уапсен во Хрватска и предаден на властите на Босна и Херцеговина, пишува во саботата сараевскиот дневен весник Dnevni avaz.

Хаџиќ бил на здржувањето на казната од две ипол години во затворот во градот Зеница, за обид за убиство во сараевскиот ноќен клуб „Инкогнито“ од крајот на  2008 година. Весникот донесува и факсимил од одлуката на Будимир на којашто се спротиставува Жупанискиот суд во Сараево, бидејќи против Хаџиќ во моментов се водат уште неколку постапки за тешки кривични дела.

Мерсед Хаџиќ уште во попладневните часови во петокот бил пуштен од затворот во Зеница.

Неговото име босанските медиуми го доведуваат во врска со злосторничка организација што ја предводел Зијад Турковиќ, против која се водат постапки за повеќе убиства, повеќемилионски грабежи и трговија со дроги.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: