Сите се сложуваме дека цената на горивото, не само кај нас и кај поголемиот дел од светот, стана неподносливо висока.
Еден Американец во местото Хамонд во Индијана за една ноќ успеал да украде 7950 литри гориво од бензиска пумпа.
Ако се прашувате што ви е потребно да направите оваква кражба, одговорот е цистерна и убедлива приказна.
Крадецот се претсавил како вработен во бензиската пумпа и кажал дека е пратен да го провери нивото на горивото во резерварот. Потоа тој го префрлил горивото од резерварот во цистерната што е нормална процедура при проверка на нивото на горивото и си заминал.
Според проценката на полицијата вредноста на украденото гориво изнесува 8500 долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: