среда, 11 ноември 2026
Најново

Украл од бензиска пумпа 8000 литри гориво

Сите се сложуваме дека цената на горивото, не само кај нас и кај поголемиот дел од светот, стана неподносливо висока.

Еден Американец во местото Хамонд во Индијана  за една ноќ успеал да украде 7950 литри гориво од бензиска пумпа.

Пулс24.мк - 14 години

Ако се прашувате што ви е потребно да направите оваква кражба, одговорот е цистерна и убедлива приказна.

Крадецот се претсавил како вработен во бензиската пумпа и кажал дека е пратен да го провери нивото на горивото во резерварот. Потоа тој го префрлил горивото од резерварот во цистерната што е нормална процедура  при проверка на нивото на горивото и си заминал.

Според проценката на полицијата вредноста на украденото гориво изнесува 8500 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: