Српската возачка на Косово не важи

 

За граѓаните со постојано место на живеење во Косово, од вчера 1 септември престана важењето на возачките дозволи издадедни од страна на српското Министертво за внатрешни работи.

 

Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави дека граѓаните кои имаат вакви возачки дозволи од денес нема да можат да ги користат при управувањето на своите возила низ Косово, а возачките дозволи издадени од Србија за граѓаните кои живеат таму, ќе важат, но истите ќе мораат да платат осигурување при влез во Косово, обајви порталот Порталб.

 

Сите што не ги замениле своите документи, при средбата со полицијата ќе бидат третирани исто како да немаат возачка, а оваа одлука, за престанокот на важност на дозволите издадени од српската полиција, беше донесена на крајот на минатата година.

Косовскиот заменик министер за внатрешни работи, Саша Рашиќ, изјави дека сопствениците на српски возачки дозволи може истите да ги заменат со возачки дозволи од Косово. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: