Разузнавачката служба потрошила 800.000 долари за Бонд забава

 

Веста дека шведската разузнавачка служба организирала раскошна забава во стилот на Џејмс Бонд ја посрамоти владата во земјата, чија репутација како пример за правичност беше извалкана од низа скандали со трошење народни пари. Забавата на која имало 1.000 гости, маси за коцкање, познати личности од шоубизнисот и бенд чиишто членови облечени во смокинзи ги свиреле песните од филмовите за Џејмс Бонд, чинела 800.000 долари и се одржала во јуни, 2011 година кога владата имаше воведено строги мерки за штедење во земјата.

Аферата сега е главна тема на насловните страници на весниците и телевизиските емисии, а за тоа се зборува и на свечените вечери и претставува вистинска гозба за политичарите од опозицијата. Весникот “Дагенс нихетер” прв ја објави веста за Бонд забавата и продолжи да објавува текстови за тоа со уште сочни детали. Весникот објави дека Сапо, шведската разузнавачка служба, најверојатно не објавила тендер за организирање на забавата и барала голем повраток на данок, а сега се соочува и со намалување на буџетот. Опозицијата повика да се отвори истрага.

Шефот на Сапо Андерс Торнберг изјави дека службата била “под притисок” по драстичната реорганизација и нападот на исламистички милитантен бомбаш-самоубиец во Стокхолм во декември, 2010 година.

“Сметавме дека ни треба да направиме една посебен собир за целиот тим на полицијата за обезбедување”, го цитираше “Дагенс”. 
Скандалот со Бонд забавата предизвика големо преиспитување во Шведска по прашањето дали оваа скандинавска земја ги напушта вредностите како правичноста и ефикасноста, кои $ донесоа почит од меѓународната заедница и $ помогнаа да ја зацврсти популарноста на нејзиниот строг даночен систем. Зборуваме за земјата во која една министерка даде оставка во 1995 година откако беше откриено дека купувала предмети за лична употреба, како “тоблероне” чоколадо, со нејзината службена кредитна картичка. Тоа беше познато како “Скандалот Тоблероне”.

Забавата беше само уште една во низата скандали што ја посрамотија централно-десничарската влада на премиерот Фредерик Рајнфелд кој се соочува со опаднат рејтинг и обединета опозиција, додека се обидува да ги намали даноците и трошоците за социјална помош. “Дагенс нихетер” објави дека службата за разузнавање можеби ќе мора да намали околу 10 отсто од бројот на вработени во следните три години за да го избалансира буџетот, поради што милионите круни што ги потроши на забавата сега изгледаат уште понеоправдано во очите на јавноста.

Според критичарите, ова е знак дека дека парите од пазарните реформи во последниве години се влеале во шведските владини тела кои некогаш важеа за многу штедливи, што доведе до зголемување на обилното трошење, што некои Швеѓани го сметаат за потипично за големите корпорации.

Пронајдете не на следниве мрежи: