Книга сведоштво за убиството на Осама бин Ладен

Loading...

Пензионираниот припадник на специјалната единица на американската армија – Фоки, Мет Бисонет, во книгата „No Easy Day” опишува до детали како ланскиот мај го убил лидерот на глобалната терористичка организација Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Според самиот Мет Бисонет, тој го застрелал Осама бин Ладен со истрел во главата, во моментот кога најбараниот терорист на светот ѕиркал од вратата на неговата соба во куќата во Аботебад, во близина на пакистанската престолнина Исламабад, а вдовиците на лидерот на Ал Каеда сето тоа го гледале и потоа плачеле врз неговото мртво тело.Триесет ишестгодишниот Бисонет дава детален опис на акцијата спроведена од американските маринци, иако правните застапници на американското министерство за одбрана со сите средства се трудат да го спречат објавувањето на книгата.

Маринецот кој книгата ја напишал под псевдоним Марк Овен, сега се соочува со обвинение за кршење на заклетвата за молчење, која ја положил кога во април годинава ја напуштил американската армија, но и со смртни закани кои му ги упатуваат исламистичките фундаменталисти од целиот свет.

Тој вели дека припадниците на Фоките во Пакистан тргнале со три хеликоптера, о кои биле по три специјалци. Знаеле дека во засолништвото на бин Ладен освен него ќе бидат и неговите двјаца курири, браќата Абрар ал-Кивајти и Алмед ал-Кувајти.

Според Бисонет, операцијата била осмислена така специјалците да се спуштат од хеликоптерите и да го убијат бин Ладен, но се комплицирала кога хеликоптерот во кој бил самиот тој се урнал во дворот од куќата на водачот на Ал Каеда.

Вториот хеликоптер кој требало да се спушти на покривот од куќата, сепак слетал надвор од дворот заграден со висок ѕид кога пилотите виделе дека првото летало се урнало. Потоа нив ги пуштиле во дворот неповредените војници од хеликоптерот кој се урнал.

Буката од леталата ги разбудила бин Ладен и другите во куќата, а еден од нив Ахмед ал-Кувајти отворил оган врз маринците од автомат Ак-47. Во моментот кога се подготвувале да отворат оган на вратата се појавила жената на Ал-Кувајти со децата од кое едно бебе што го држела во рацете. Жената рекла дека нејзиниот маж е убиен, а кога Бисонет видел спружени нозе тргнал кон просторијата за која знаел дека се наоѓа бин Ладен.

Со специјалните очила за гледање во темнина, маринците влегле во куќата и прво го чистеле првиот кат, а потоа тргнале кон вториот, на кој според нивните информации се криел лидерот на Ал Каеда.

Тогаш врз нив отворил оган Анрар ал-Кувајти, братот на Ахмед, но веднаш бил ликвидиран, како и неговата жена, која скокнала пред него за да го заштити. Во аголот од собата седеле деца и една жена.

Потоа Фоките тргнале кон вториот кат каде со експлозив разнеле метална врата којашто го делела катот од приземјето. Веднаш потоа пукале врз човекот за кој претпоставувале дека е Калид, еден од синовите на Осама бин Ладен, кој не пукал во самоодбрана.

„Очекувавме повеќе борба. Од сите тие приказни за умирање за Алах и самоубиствените елеци, само еден од браќата ал-Кувајти истрела цел шаржер”, пишува Бисонет.

Вели дека додека се приближувал кон третиот кат, слушнал звук на полнење пушка. Тогаш следел рафал. Бисонет стрелал кон човекот кој отворил оган од зад вратата, а веднаш по рафалот тој се повлекол.

Маринците влетале во просторијата и таму нашле две жени како плачат врз тело на мртов маж. Според Бисонет, мажот бил застрелан во десната страна од главата.

„Крв и делови од мозок беа расурани покрај неговата глава. Додека сѐ уште беше во претсмртна агонија, телото му се грчеше”, пишува Бисонет.

Тој и негов соборец истрелале уште неколку рафали во градите на човекот додека не престанел да се движи. Најмалку три деца биле сведоци на настанот и биле целосно во шок.

Бисонет пишува и дека кога маринците му пришле на телото и установиле дека целата десна страна од главата му е разнесена со куршум кој му минал низ челото, а градите биле разорени од погодоците од автоматска пушка.

„Мислам дека ова е нашето момче”, рекол еден од членовите на тимот маринци, кој Бисонет го претставува како „Том”, пренесува Блиц.

Пентагон предупред дека ја разгледува можноста за тужба против поранешниот маринец, поради прекршувањето на договорот за доверливост кога ја напишал книгата за операцијата во која е убиен Осама бин Ладен.

Притоа адвокатот на Пентагон наведува дека се разгледува и можнсот за тужба против секој кој помагал во објавувањето на книгата, како и дека државата може да бара заработка од книгата.

макфакс

loading...
Loading...