По првата прозивка на Јаневски, неколку нови имиња, меѓу кои и Остоја Стјепановиќ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чеде Јаневски, ја изврши првата прозивка на повиканите играчи за квалификациските натпревари кои Македонија како гостин ќе ги одигра против Хрватска (7-ми септември) и Шкотска (11-ти септември).

Новиот македонски селекторот, дополнително во националниот тим го повика играчите на Вардар, Остоја Стјепановиќ и Драган Ѓорѓиев.

Поради повреда, Јаневски за претстојните две средби нема да може да смета на Александар Тодоровски, на негово место е повикан Стефан Ристовски.

Селекторот реши Стефан Спировски повторно да биде дел од тимот на Бобан Бабунски во младата репрезентација на Македонија.

„Официјално ги започнуваме подготовките за двата натпревара, против Хрватска и Шкотска. Поради повреда го нема Тодоровски, го очекуваме пристигнувањето на Дарко Тасевски. Одлучивме во составот да ги повикаме фудбалерите на Вардар, Ѓорѓиев и Стјепановиќ. Анализирајќи ја играта на хрватската репрезентација, сметаме дека можат да бидат многу продуктивни за нашиот тим. Вечерва ќе имаме рекреативен тренинг, поголем дел од репрезентативците викендов имаа настапи за своите екипи, им треба одмор. Младата репрезентација на Македонија против Северна Ирска има шанса за одличен резултат, мислам дека Стефан Спировски ќе даде голем придонес во таа насока, изјави за интернет страницата на ФФМ, селекторот Јаневски.

Во вторник репрезентативците ќе тренираат 10 часот и попладне од 18.00 часот, последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска, нашата репрезентација ќе го одработи во среда во 18 часот на Националната арена.

Македонската репрезентација заминува за Хрватска на 6-ти септември во утринските часови. Натпреварот се игра на 7-ми септември во Загреб на стадионот „Максимир“ од 20.15 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: