Во која држава е Џепчиште?!

Која држава е во Џепчиште?! Ова е прашање на кое треба да одговори вицепремиерот Муса Џафери, кој вчера токму во тоа село присуствуваше на отворање на школската година. И се ќе беше во ред да не беше интонирана албанската химна, како и да не се вееја само албански знамиња.

Затоа мислите дека е легитимно прашањето во која држава се наоѓа Џепчиште?! И уште ова, затоа ли се бореше Џафери во 2001 година, за да може да ги избрише македонските белези, барем на еден дел од македонската територија. 

ВМРО-ДПМНЕ не смее да го толерира овој однос на ДУИ (трансформираната УЧК). И мора да пресече. Подобро сами против сите, ама да си бидат свои на свое, принципиелни и секогаш во заштита на македоските интереси. Па дури и ако Бранко формира сеалбанска влада, вклучувајки ги сите албански партии заедно со него во коалиција и тоа да се прифати, затоа што така ќе се разголат сите до коска и конечно македонскиот народ да ги свати намерите на сите партии поединечно. 

Ќе ги следиме случаите на провокации и повторно ќе коментираме деновиве. 

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.