Учениците од ООУ „Климент Охридски“ како и учениците од средните учишта, „Ристе Ристески – Ричко“, „Ѓорче Петров“ и гимназијата „Мирче Ацев“, денеска беа дел од присутните гости кои ја посетија општина Прилеп, во рамките на Отворениот ден и зачекорија по црвениот тепих.Учениците се запознаа со работата на голем број одделенија во општината започнувајќи од големата сала на општинската зграда, едношалтерски систем, инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо-правни работи, одделението за финансии, раководителите на одделенијата, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, секретарот, шефот на кабинет на градоначалникот, а остварија и средба со градоначалникот Марјан Ристески.
„Традицонално еднаш во текот на месецот се организира Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп кои ја посетуваат зградата на локалната самоуправа. Целта е да се одржува транспарентното работење на општината кое што е на доста високо ниво, и што е можно повеќе граѓани да се запознаат со работата на локалната самоуправа, проектите, и секако да дадат свои идеи и да постават прашања на кои ние редовно одговараме. И понатаму ќе продолжиме со реализација на овој прокет „Отворен ден за граѓаните“ и секако „Денот на идеи“ од кој што ден произлегле голем број на проекти кои се реализирани во Прилеп“, изјави Марјан Ристески, градоначалнина општина Прилеп.
На присутните им беше презентиран и краток филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов и урбан лик на градот.
Од општина Прилеп истакнаа дека и понатаму ќе продолжат со реализирање на овој проект, кој се организира најмногу по барање на граѓаните.Учениците се запознаа со работата на голем број одделенија во општината започнувајќи од големата сала на општинската зграда, едношалтерски систем,