А како би “тактизирале“ нашите читатели за мечот со Хрватска…

 

Почитувани наши читатели, спортската редакција на „Пулс24“ би сакала да го види вашиот став за тактиката во однос на претстојниот дуел со Хрватска во Загреб кој е дел од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2014 во Бразил.

Спортската редакција на „Пулс24“ им посакува среќа и успех на нашите репрезентативци во Загреб, да се надеваме дека нема да разочараат и дека ќе одиграат максимално борбено се до последниот свиреж на главниот арбитар на тој меч.

Од друга страна, да не заборавиме дека нашата репрезентација за играчи до 21 годишна возраст предводена максимално успешно од одличниот стратег Бобан Бабунски е пред голем испит, имено, фудбалски совршената тактика, идеа, платформа на Бобан Бабунски е пред совршен финиш, но, за тоа во друг текст, со овие неколку одвоени реченици за младите сакаме само да потсетиме дека имаме млада репрезентација која горделиво и достоинствено не претставува, оние кои ги пратеа игрите на нашите млади репрезентативци на последните неколку натпревари всушност можеа само горделиво да се израдуваат на борбеноста и пожртвуваноста на овие млади фудбалери.

Да се вратиме на главното, ова е составот на Чеде Јаневски за дуелот во Загреб, како ВИЕ би селектирале, како вие би “тактизирале“ за овој мошне важен дуел?

Голмани

1. Кристијан Наумовски – Динамо Букурешт/Романија

2. Мартин Богатинов – Карпати/Украина

3. Томе Пачовски – Мехелен/Белгија

Одбрана

4. Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија

5. Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија

6. Александар Тодоровски – Полонија Варшава/Полска (повреден, нема да настапи)

7. Николче Новески – Мајнц 05/Германија

8. Ванче Шиков – Волин/Украина

9. Даниел Мојсов – Војводина/Србија

10. Горан Попов – Динамо Киев/Украина

11. Александар Лазевски – Партизан/Србија

Среден ред

12. Никола Глигоров – Алки/Кипар

13. Мухамед Демири – Тун/Швајцарија

14. Величе Шумуликоски – Тианјин Теда/Кина

15. Стефан Спировски – Борац Чачак/Србија (прекомандуван во У-21)

16. Дарко Тасевски – Шмона Кириат/Израел

17. Остоја Стјепановиќ – Вардар/Македонија

Напад

18. Ферхан Хасани – Волфзбург/Германија

19. Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија

20. Стевица Ристиќ – Сувон Самсунг/Кореа

21. Горан Пандев – Наполи/Италија

22. Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија

23. Агим Ибраими – Марибор/Словенија

24. Драган Георгиев – Вардар/Македонија

25. Александар Трајковски – Зулте Варегем/Белгија

Пронајдете не на следниве мрежи: