TraWell Ohrid – нова мобилна апликација на компанијата Codewell

 

IT компанијата Codewell повторно излегува во пресрет на оние кои што сакаат да ја истражат Македонија со нова iOS верзија на мобилниот туристички водич за – Охрид Trawell Ohrid

 

Младата просперитетна компанија Codewell, која е дел од ПСМ инкубаторот во Скопје, со огромно задоволство ни ја претставува новата везија на Trawell Ohrid која што ќе биде достапна овој пат за iPhone и iPad. Овој туристички водич ги нуди истите опции како и Trawell Ohrid и Trawell Skopje кои се наменети за телефони кои користат Android оперативен систем.

Една од бенефициите кои ни се овозможени со овој туристички водич е функцијата т.н. збогатена реалност или augmented reality која ни дава информации за места кои се во наша близина вклучувајќи ја нивната одалеченост и ориентација. Исто така вклучена е и мапа со која посетителите на Охрид можат полесно да стигнат до посакуваните места. Воедно, корисниците на оваа апликација можат и однапред да ја испланираат својата прошетка низ Охрид.

Официјално, единствениот Македонски туристички водич за Охрид е достапен за бесплатно симнување од App Store маркетот веќе од 1ви Септември. За да можете да ги уживате сите придобивки кои ви ги нуди мобилната апликација Trawell Ohrid задолжително е да имате iPhone или iPad со iOS верзија не постара од 5.1.

Пронајдете не на следниве мрежи: