Фудбалската репрезентација направи скок од пет места на ФИФА листата

Во однос на минатиот месец, благодарение на победата во пријателскиот меч против Литванија, Македонија направи прогрес од пет места на ФИФА листата.

Што се однесува до опонентите во квалификациската група за пласман на Мундијалот, највисоко на листата на ФИФА котира првиот противник на „црвено-жолтите“, Хрватска, оваа репрезентација се наоѓа во Топ 10, на деветото место.

Белгија која минатиот месец ја победи Холандија направи најголем прогрес на листата од цели 13 места, Белгијците сега се на 40-то место, Србија е зад Белгија на 42-то место, оваа репрезентација бележи пад од седум места.

Репрезентациите од Островот, Велс и Шкотска се наоѓаат една до друга на 46-то и 47-то место.

Што се однесува до врвот на ФИФА листата, таму има само една промена Португалија и Уругвај ги заменија позициите, Португалците се сега на четвртото место. Лидер на листата е Шпанија пред Германија и Англија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: