Холандија ќе бојкотира нова помош за Грција

Холандија нема во иднина да дава нова помош за потонатата во долгови Грција, но на Атина може да и’ биде оставено дополнително време за да ги израмни своите финансии, изјави холандскиот премиер Марк Руте, пренесува AFP.

Холандските партиски лидери дебатираат за кризата во еврозоната паралелно со другите прашања во текот на парламентарните избори коишто треба да се одржат на 12-ти септември.

Според истражувањата на јавното мнение во Холандија во водство е бизнис ориентираната Народна партија за слобода и демократија (VVD) и се претпоставува дека Марк Руте и натаму ќе остане на премиерската функција.

Пронајдете не на следниве мрежи: