Алонсо спремен за добар круг во Монца

Loading...

 

Иако имаше болки после ударот кој се случи во трката за големата награда во Белгија, Алонсо е 100 проценти спремен за трката во Монца.

Возачот на Ферари Фернандо Алонсо во потполност се опорави од повредата на левото рамо кој ја доби откако се судри со возачот на Лотус Роман Гросјеан.

“Не чувствувам никаква болка и спремен сум за трката 200 проценти” , напиша шпанецот на својот Твитер.

На  другата страна Роман Гросјеан е казнет и нема да вози за големата награда на Италија во Монца, тој беше главниот проблем што настана хаосот во трката во Белгија.

Фернандо Алонсо сеуште е прв во генералниот пласман во Формула 1 со 164 поени.

loading...
Loading...