Windows XP не е повеќе најпопуларен

Windows 7 е најпопуларниот десктоп оперативен систем во светот, според извештајот од Net Applications за месец август.

Во август, Windows 7 има 42,76% удел на пазарот, што е малку повеќе од 42,52%  колку што има Windows XP. За потсетување Windows XP беше објавен во 2001 година.

  Windows Vista e на третото место со 6.15% удел на пазарот, а потоа следат Mac OS X 10,7 и Mac OS X 10.6 со 2,45% и 2,38%, соодветно.

Се на се, вклучувајќи и постарите верзии, Мајкрософт контролира околу 92% од пазарот.

Беа потребни три години за Windows 7 да стане најпопуларниот оперативен систем во светот. Овој оперативен систем на Мајкрософт, кој беше лансиран во октомври 2009 година, наскоро ќе биде заменет со последната верзија – Windows 8.

Windows 8, кој треба да биде пуштен во продажба на 26 октомври, ќе биде првиот оперативен систем на Мајкрософт дизајниран да работи како на таблети, така и на десктоп компјутери.

Секој Windows 8 таблет, конечно ќе може да се натпреварува со iPad.

Корисниците кои работат на Windows XP, Vista или Windows 7 ќе бидат во можност да направат надградба до Windows 8 Professional за 39,99 $ со преземање преку интернет

Пронајдете не на следниве мрежи: