Nokia има за цел да блесне со Lumia 920 со Windows Phone 8

Nokia денес го претстави својот најнов предводник, Lumia 920, првиот кој ќе работи на Windows Phone 8 на Microsoft.

Извршниот директор Stephen Elop презентираше светла жолта Lumia 920, кој е поголем од својот претходник, Lumia 900. Од Nokia подоцна го покажаа и помалиот модел Lumia 820.

Овие телефони го претставуваат најновиот обид на Nokia да се врати во бизнисот со паметни телефони на голема врата. А исто така претставуваат и последна шанса од обидите компанијата да се извлече од неодамнешниот пад

Комплетен преглед  на Lumia 920, на CNET

Настанот е подеднакво важен и за Microsoft, на кого му треба Nokia да го  носи усвојувањето на нивната платформа.  Додека останатите производители на мобилни телефони имаат инвестирано во Windows Phone, Nokia е компанија која е исклучиво фокусирана на оперативниот систем.

Nokia имаше неколку нови тонови и звуци кои се огласуваа цело време додека траеше прес конференцијата , одржана во Њујорк. Jo Harlow, извршен потпретседател на Nokia, нагласи некои од клучните карактеристики, вклучувајќи ги и безжичното полнење, Nokia Maps (со offline поддршка) – вклучувајќи ја зголемената функција која Nokia ја нарекува “City Lens” – моќна “PureView” камера, па дури и NFC поддршка.

галерија

Исто така, беше нагласена улогата на камерата на Lumia како голема различна карактеристика за овој телефон. Врз основа на технологијата која се најде во 808 PureView – иако без високи мегапиксели во тој модел – камерата на 920 користи “лебдечки леќи” технологија која ги движи и реагира на движењето да се балансираат леќите, дозволувајќи и на блендата да остане подолго отворена и повеќе светлина да влезе внатре. Според Nokia, опфаќа 5-10 пати поголема количина на светлина од било кој друг смартфон од останатите производители.

Иако не е првиот, вградениот систем за безжично полнење на Lumia 920 е уште една необична карактеристика која не се гледа кај многу актуелни паметни телефони на пазарот. Базиран е на Qi безжичниот стандард за полнење, што го прави компатибилен со другите Qi полначи. Lumia920 ќе доаѓа со стандарден жичен полнач, додека низа на компатибилни безжични полначи ќе се продаваат одделно.

4,5-инчниот екран е WXGA модел кој нуди резолуција подобра од 720p HD. Nokia тврди дека тоа е “најсветлиот” и “најбрзиот” екран за паметен телефон на пазарот.

Заокружувањето на листата со функции на Lumia 920 е NFC поддршката , која беше демонстрирана како решение за лесна репродукција на музика со NFC компатибилни звучници: само допрете го телефонот до звучниците, и безжичната репродукција на музика е овозможена, без да го отклучувате телефонот.

Lumia 920 ќе биде достапен во жолта, црвена, сива и варијанта.

Nokia го претстави и Lumia 820, 4,3-инчен модел со microSD слот и променливи маски  достапни во повеќе бои. Безжичното полнење и овде е овозможено.

Пронајдете не на следниве мрежи: