САД и го врати на Турција накитот од Троја

САД на Турција и’ го вратија накитот пронајден во археолошкото наоѓалиште на древната Троја, украден кон крајот на XIX век, објави во средата министерот за култура Ертугрул Ѓунај.

Дваесет ичетири парчиња златен накит, кој досега беше изложен во универзитетскиот музеј на Пенсилванија во американскиот град Филаделфија, на 10-ви септември и’ бил вратен на Турција, изјавил за турските медиуми „многу возбудениот“ министер Ѓунај.

Турција долги години го бараше накитот украден во 70-те години од XIX век, кога германскиот археолог Хајнрих Шлиман ги започнал првите ископувања во периодот на Отоманското царство.

Наоѓалиштето лоцирано во близина на Егејското Море и Дарданелите, сега познато летувалиште Чанак кале, беше идентификувано како древната митска Троја. Меѓутоа, и денес многу археолози го оспоруваат тврдењето дека токму ова археолошко наоѓалиште коешто потекнува од периодот од три илјади години пред Христос, е легендарната Троја на, којашто ја опеа во вечноста Хомер.

Вратениот накит отсега ќе биде изложен во националниот музеј во Анкара.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: