Низ Балканот минува 80 отсто од кокаинот од Авганистан

Loading...

Извршниот директор на Бирото на Обединетите нации за криминал (UNDOC), Јуриј Федотов изјави во средата во црногорскиот главен град Подгорица, дека низ земјите од југоисточна Европа и Балканот минува околу 80 отсто од кокаинот произведен во Авганистан кој завршува во западна Европа.

„Низ регионот минува и хероинот од јужна Америка. Единствено со обединети сили можеме да и’ се спротивставиме на наркомафијата“, изјави Јуриј Федотов по состанокот со црногорскиот министер за внатрешни работи,  Иван Брајовиќ.

Федотов потсети дека UNDOC во мај годинава започна нова програма на Балканот, како и дека една од главните задачи на оваа програм е да се прекината патиштата на наркотиците од Авганистан.

Потсети, исто така, дека ОН имаат донесено Конвенција за борба против организираниот криминал, наведувајќи дека исполнувањето на нејзините одредби, ќе им помогне на земјите од регионот на патот кон Европската унија.

Од своја страна, црногорскиот министер за внатрешни работи Брајовиќ, оцени дека најдобрите резултати во борбата против трговијата со луѓе и со наркотици може да се постигне со соработка на сите држави, како и дека Црна Гора е посветена на тоа.

„Црна Гора е транзитно подрачје во транспортот на наркотиците, важно е да се вложат напори за таа појава да се намали што би придонесло за конечното искоренување на тоа зло“, рече Брајовиќ.

Преземено од Макфакс.

 

loading...
Loading...