Зошто жените изневеруваат?

Loading...

Можеме да бидеме изневерени на различни начини, дури и на оние кои воопшто не ги очекуваме. Списанието “Woman’s Health” спроведе истражување и откри што всушност кријат жените, од кои причини најчесто лажат и зошто ги изневеруваат партнерите.

Според резултатите од истражувањето, дури 58 проценти од жените ги изневериле своите партнери, а најчесто тоа било предизвикано од внес на поголема количина на алкохол (кај третина од жените).

Но тука се поставува и прашањето зошто жените изневеруваат.

Списанието “Woman’s Health” вели дека од истражувањето се откриени три главни причини поради кои припадничките на понежниот пол ги изневеруваат партнерите, а тоа се досадата, чувството на несигурност во врската, како и поради тоа што не се повеќе заљубени во партнерот.

Истражувањето покажало и дека 18 проценти од жените биле фатени на дело, а 4 од 9 жени сметаат дека е подобро да го премолчат изневерувањето и да се однесуваат како ништо да не се случило.

Жените не се толку искрени ни кога станува збор за исхраната, па така 37 проценти од нив секојдневно мамат и не се придржуваат до зададениот режим на исхрана, а најчесто го прекршуваат со јадење “забранета” храна, како што се сладолед, пица и помфрит.

Над половината од жените се загрижени и се прашуваат дали партнерот ги изневерува, а 73 проценти од жените сметаат дека и праќањето на секси пораки е вид на изневерување, иако 67 проценти од нив се гледале со женети мажи.

 

 

loading...