Младите фудбалски бисери бркаат историски успех,бараж за пласман на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 годишна возраст брка голем историски пласман во баражот за пласман на следното ЕП.

Селекторот на Младата репрезентација, Бобан Бабунски е уверен дека шансите кои реално се теоретски сепак се тука и не се загубени, тоа е доволен мотив за младите фудбалски бисери на Македонија да покажат што знаат и умеат иако и во овој момент тие се со кренати глави, бидејќи одиграа над очекувањата во овој квалификациски циклус.

Бабунски за официјалниот сајт на ФФМ го изјави следното…

„- Отворената можност во последните две квалификациски средби да се стигне до резултатска цел-бараж натпревар за пласман на следното ЕП, е знак дека сепак сме постигнале нешто добро во овој циклус. Во секој случај продолжува нашата интенција преку добри игри и резултати да селектираме и креираме талентирани играчи со потенцијал да настапуваат и во А-националниот тим.“

Младите репрезентативци со освоени 9 бодови се речиси на загарантираното 3то место во групата што е голем успех, 4-та е Северна Ирска со освоени 4 бодови. Она што е за нас најважно, првото место го има селекцијата на Србија со освоени 14 бодови, втора е Данска со освоени 12 бодови. Значи на два натпревари до крајот на овој циклус имаме шанси за второто место кое води во бараж. Но притоа Македонија треба да ги добие двата дуела на гостински терен против Северна Ирска и Србија, а селекцијата на Данска од дуелите со Србија и Северна Ирска на домашен терен да освои само 3 бодови, што е можно и остварливо.

место

екипа

Нат.

Бод.

Поб

Нер.

Изг.

1

Србија У21

6

14

4

2

0

2

Данска У21

6

12

3

3

0

3

Македонија У21

6

9

2

3

1

4

Северна Ирска У21

6

4

1

1

4

5

Фарски Острови У21

8

3

0

3

5

 

Табелата е превземена од ФФМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: