Ален Бокшич: Македонија може на секого да му направи проблем, но мораме да ги оправдаме очекувањата

Членовите на Хрватската фудбалска репрезентација не мислат на ништо друго освен на победа на дуелот со Македонија.

Ален Бокшич, членот на хрватскиот стручен штаб, на прес-конференцијата за претстојниот натпревар со Македонија ја даде следнава изјава…

„Македонија е незгодна репрезентација, која е во состојба да на секој противник и нанесе проблеми. Ние секако сме фаворити, и мораме да ги оправдаме очекувањата, немаме друга опција освен победа“ изјави Бокшич, кој инаку има повеќе задачи на оваа функција во својата кариера, а воглавно задолжен е да ја тренира напаѓачката линија.

Извор/фото: www.hrsport.net

Пронајдете не на следниве мрежи: