Светот се прости од тениската легенда Енди Родик

Како што и самиот изјави дека турнирот во УС Опен ќе му биде последен тоа и се случи, во натпревар каде што владееа емоции Енди Родик изгуби од Хуан Мартин дел Потро со 6-7/7-6/6-2/6-4.

Својата кариера ја заврши откако направи грешка на форхенд.

Енди Родик, популарниот Американец по натпреварот изјави :

“За прв пат во мојата кариера не сум сигурен што да кажам”, изјави Родик пред преполната арена на Артур Аше стадионот каде му беше даден микрофон за последен пат да изјави нешто и воедно за последен пат да даде изјава после натпревар.

“Од  дете, јас доаѓав на овој турнир и бев пресреќен што имав место да седнам исто како вас(се мисли на публиката) и да ги гледам во живо шампионите кој доаѓале и заминувале”

“Ја сакав секоја минута пројдена овде”

И покрај големата желба на Родик да победи во натпреварот. Тој секогаш ќе биде запамтен како носител на Американскиот Тенис, но се разбира после Пит Сампрас и Андре Агаси.

Неговата жена беше на трибините истотака и родителите на Енди, каде го проследија последниот натпревар на Родик.

Тој за крај изјави :
“Едно нешто, јас не се плашам од пензионирањето, затоа што се враќам дома со “мој луѓе”. “Ова беше пат со многу воздигнувања, но и со многу падови и многу фантастични моменти поминати на теренот”

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: