Хамилтон нема да се пресели во Мерцедес

Loading...

 

Екипата на Мекларен ги демантира гласините дека Луис Хамилтон ќе го напушти тимот и од следната сезона ќе се пресели во Мерцедес, како замена за Михаел Шумахер.

„Менаџментот на Луис ни кажа дека во таа приказна ништо не е вистинито“, рече портпаролот на Мекларен. 

Еди Џордан, сопственикот на Џордан каде Шумахер дебитираше во 1991 година, а кој во моментов е стручен коментатор за ББЦ ја објави веста дека Хамилтон преговара со Мерцедес. 

„Верувам дека Хамилтон и Мерцедес веќе ги договориле личните услови и дека договорот наскоро ќе биде потпишан“, рече Џордан. 

„Пред неколку месеци кога реков дека Луис ќе замине од Мекларен мислев дека преговара со Ферари, но сега можам да потврдам дека неговите луѓе имале состанок со Мерцедес“, дополни Џордан. 

Менаџментот на Хамилтон ги негира коментарите на Џордан и објави дека Луис интензивно преговара со Мекларен околу новиот договор. Од тимот на Хамилтон порачаа дека тој во моментов се фокусира само на трката во Монца, која се вози овој викенд. 

Многумина од стручњаците и аналитичарите се согласуваат дека Мерцедес би бил добар избор за Хамилтон, но тие не веруваат дека настаните ќе одат во тој правец. 

Инаку, договорот на Шумахер со Мерцедес истекува по завршувањето на сезоната и тешко е за верување дека тој ќе остане во тимот, особено што по враќањето пред две години не забележа некој позначаен резултат.

извор : Maxfax

loading...
Loading...