Путин: Панкерките направија хаос, државата мора да ги штити верниците

Loading...

 

Рускиот претседател Владимир Путин нема да се меша во случајот со панкерската група „Пуси Рајот“, но изјави дека државата требало и претходно да обрне внимание на нејзините скандалозни акции и дека е должна да ги штити чувствата на верниците.

Путин во интервју за телевизијата Раша тудеј, „панк молитвата“ на оваа група ја нарече дивеење, но не сакаше да ја коментира одлуката на судот кој ги осуди членките на две години затвор.

„Дали е пресудата оправдана и адекватна, нема да коментирам. Едноставно, не го следам тоа. Се трудам воопшто да не се занимавам со тој случај. Знам што се случува таму, но воопшто не се впуштам во тоа“ вели Путин.

Тој оценува дека самото име на групата  Пуси Рајот дури и на англиски звучи непористојно, а исто така потсети на претходните акции на членките на групата.

Путин потсетува дека една од нив пред неколку години во еден московски супермаркет закачила три страшила со натпис дека Москва треба да се ослободи од Евреите, хомосексуалците и гастербајтерите.

Овој споменат „пеформанс“ е изведен во септември 2008 година во супермаркетот „Ашан“. Потоа според Путин, истите луѓе организирале сеанса со групен секс на јавно место.

„Тоа е исто така нивна работа, луѓето имаат право да се занимаваат со што сакаат, ако со тоа не се крши законот, но на јавно место, мислам дека властите би требало да обрнат внимание на тоа уште тогаш. Потоа снимката ја ставиле и на интернет“, вели Путин.

„Некои аматери велат дека групниот секс е подобар од индивидуалнио, бидејќи како и во секоја колективна работа, може да се забушава. Но повторувам, тоа работа н секој човек, но да го ставате тоа на интернет, по мое мислење тоа е спорно прашање и би можело да биде подложено на некоја правна оцена“, додава Путин.

Коментирајќи го мислењето дека по неговиот избор во Русија почнало „тренирање на строгост“, Путин вели дека се труди да го работи она што е исправно и потребно за граѓаните на земјата.

Според него, ако под „тренирање строгост“ се подразбира „барањето на сите, па и на опозицијата да се почитува законот, тогаш тоа барање треба доследно да се реализира“.

Преземено од Макфакс.

loading...
Loading...