17 деца од четврто одделение не одат на настава во основниото училиште Јан Амос Коменски.
Утринава родителите протестираа бараат да се реши проблемот со ученикот кој минатата недела нападна наставничка, а имал и насилно поведение и инциденти со ученици.
Ученикот во прво и второ одделение имал образовен асистент, а во трето и четврто оделение, не му бил обезбеден од страна на училиштето.
Родителите и учениците веќе подолго време алармираат дека ќе реагираат соодветно поради нереагирањето на институциите. Проблемот со насилниот ученик не е нов, за истиот се пишува со месеци, но ниту МОН ниту било која останата институција не се потрудија да најдат решение за проблемот.