17 дневна диета за брзо губење на вишокот килограми

Д-р Мајк Морен ја креирал оваа диета со цел да им помогне на оние кои сакаат на малку побрз начин да симнат некој килограм.Идејата на Д-р Морен била да им помогне на луѓето кои за време на празници ја зголемуваат својата телесна тежина. Диетата подразбира привикнување наразни видови храна во период од 17 дена, при што со гаранција би симнале 7-8 килограми. Станува збор за манипулација со јаглехидратите, чија количина во тие 17 денови ќе варира од недоволно до повеќе од доволното. Така се „збунува“ метаболизмот и побрзо се губат килограмите.

 
17 дневната диета се состои од 4 циклуси:
Забрзување: Во оваа фаза го намалувате внесот на јаглехидрати со што се поттикнува чистење на организмот од вишокот масти и непотребни материи.
Активирање: Се зголемува и намалува внесот на јаглехидрати за организмот да ги врати во нормала своите функции.
Обновување: Повторно почнувате со конзумирање на храна која претходно ви била ограничена. Учите здрави навики во исхраната.
Цел: Во текот на неделата јадете здрави оброци, додека за викендите можете да се опуштите и да ја јадете вашата омилена храна.

 
Пример за мени:
Појадок – Кајгана и грепфрут, со шоља зелен чај.
Ручек – Две варени јајца и голема салата од морков, брокула, кромид, домати и марула.
Ужина – Грст зрнести овошки и јогурт.
Вечера – Мисиркини гради со обварен морков или аспарагус.

 
Паралелно со диетата се препорачуваат и лесни вежби, во просек по 20тина минути дневно.
Диетата не е погодна за дијабетичари. Исто така не се препорачува на физички активни лица поради нискиот внес на калории, како и за оние осетливите поради постојаното менување на метаболизмот.
Оваа 17 дневна диета помага во регулирањето на внесот на масти и јаглехидрати во организмот и го забрзува метаболизмот, со што се забрзува и процесот на губење на вишокот килограми.Идејата на Д-р Морен била да им помогне на луѓето кои за време на празници ја зголемуваат својата телесна тежина. Диетата подразбира привикнување н

Пронајдете не на следниве мрежи: