Идентификувана една од жртвите во масакрот во Франција

Loading...

Британската полиција го идентификуваше, мажот од британското семејство чии членови беа убиени вчера во источна Франција.

Станува збор за педесетгодишниот Саад ал Хили роден е во Ирак, а со семејството живеел во лондонското предградие Клејгејт, област Сари, соопштија извори од истрагата.

Истовремено станува извесно дека полицијата влегла во станот на наводните жртви.

Вчера попладне во реонот на езерото Анеси во Источна Франција беа пронајдени четири лица убиени со огнено оружје. Во автомобилот BMW со британска регистрација беа откриени телата на маж зад воланот и две жени на задното седиште.

Телото на вториот маж, велосипедист, беше пронајдено точно до колата, а таму лежело и тешко повреден дете кое беше пренесено во болница, а едно четиригодишно девојче преживеало криејќи се под телото на мртвата мајка.

веста е преземена во договор со: https://www.makfax.com.mk/

/

loading...
Loading...