Зени Хусмани: Верувам во вас момци, СО СРЕЌА!!!

Македонскиот младински репрезентативец Зени Хусмани им посака среќа на своите колеги од младата Македонска фудбалска репрезентација на својот „Facebook“ профил.

Зени Хусмани не игра на историскиот дуел на Македонската фудбалска селекција за играчи до 21-годишна возраст, сепак, тој одвои некоја минута за на својот профил им посака среќа на своите колеги од репрезентацијата, жали што нема да игра на овој голем дуел, им посакува среќа на своите колеги и потенцира дека верува во нив.

Младите репрезентативци се пример за тимската сплотеност а гестот на „Македонскиот Гатузо“ е доказ за тоа, како и да е, што и да се случи на натпреварот со Северна Ирска, ГЛАВИТЕ ГОРЕ, не направија горди во овој квалификациски циклус, а ние од друга страна ќе се надеваме на успех.

Инаку, додека играше за Шибеник, Шибеничани го нарекоа „Шибеничкиот Гатузо“, ние си зимаме за право да го наречеме „Македонскиот Гатузо“.

Пронајдете не на следниве мрежи: