Маратонски меч помеѓу Давид Ферер и Јанко Типсаревич на Гренд Слем Tурнирот УС Опен

Маратонски меч помеѓу Јанко Типсаревич и Давид Ферер на УС Опен, гледачите кој беа присутини на Артур Аше стадионот уживаа во фантастичните мајстории на тенисерот од Србија и тенисерот од Шпанија.

Давид Ферер го победи Јанко Типсаревич за влез во полуфиналето со резултат 6-3/6-7/2-6/6-3/7-6 , мечот траеше цели 4:30 часа.

Фантастичен меч во кој доминираа долгите поени што покажува и времето одиграно на тенискиот терен.

При резултат 4-4 во петиот сет, Шпанецот имаше 2 брејк топки за да поведе со 5-4, но Јанко го прекина натпреварот и побара медицински тајм-аут, Давид Ферер сето ова не го прифати баш најдобро се приметуваше по неговиот израз на лицето затоа што беше на чекор да направи брејк, откако заврши медицинскиот тајм-аут Јанко успеа да го добие овој гејм со 4 поени поврзани по ред.

Се отиде на тајбрејк каде подобар беше Шпанецот кој го доби со 7-4, а Јанко после медицинскиот тајм-аут не беше истиот го немаше истото движење од претходно се гледаа неговите болни гримаси на лицето на Србинот.

За Давид Ферер ова е второ полуфинале во кариерата на УС Опен и го очекува својот противник од дуелот Хуан Мартин дел Потро против Новак Џокович кој започнува во 2:30 часот по полноќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: