Нил Армстрон ќе биде погребан во море

Loading...

Телото на славниот американски астронаут Нил Армстронг , првиот човек што стапна на Месечината, ќе биде положено во морето, објави портпаролот на неговото семејство Рик Милер.

Нил Армстронг кој почина 25-ти август во 82-те година од животот по компликација предизвикана од операција на срцето. Портпаролот Рик Милер не објави никакви други детали за погребот. Јавната комеморација ќе се одржи во вашингтонската национална катедрала на 13-ти јуни со директен пренос на телевизиската мрежа на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Како командант на мисијата Apollo 11, Армстронг стана првиот човек кој зачекори на Месечината, на 20-јули 1969 година, влегувајќи во историјата со реченицата „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Нил Армстронг е роден на 5-ти август 1930 година во Вејапконет во сојузната држава Охајо, Кариерата во NASA ја започна во 1855 година, а по летот на Месечината извесно време работеше како експерт за аеронаутика во одделот на агенцијата за напредни истражувања и технологии и набрзо ја напушти станувајќи професор на машинство на Универзитетот во Синсинати, градот во кој повлечено живееше со сопругата Керол.

макфакс

loading...
Loading...