Да беа „ватрени“ и да победеа, немаше да боли, ама Хрватите беа само посреќни и се извлекоа

Loading...

 

Македонија загуби со 1-0 во Загреб, но на Хрватите воопшто не им дозволи да бидат „ватрени“, како што сами се нарекуваат, туку единствено беа посреќни. Да ја затресеше мрежата на Плетикоса „бомбата“ на Горан Пандев, или пак претходно судијата да имаше малку повеќе храброст за да покаже пенал за Македонија, кога токму Плетикоса го зграпчи Пандев за нозе, тогаш дефинитивно сега немаше Хрватска да слави.

 

Македонскиот селектор Чедомир Јаневски изјави на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека ние самите им дозволивме на Хрватите да победат.

 

„Не ја видов разликата што Хрватска ја има во однос на Македонија на листата на ФИФА (деветто место наспроти 97.место) на теренот на „Максимир“. Бевме рамноправни, имавме свои шанси и не заслуживме да загубиме. Доколку погодевме први, којзнае како ќе завршеше мечот. Од друга страна, им дозволивме на Хрватите да се вратат во игра во вториот дел, откако во првиот беа комплетно неутрализирани. Стоевме далеку од играч. При постигнатиот гол, дозволивме да центрираат, а потоа и да излезат во ситуација два на еден. Тоа е наша грешка. Но, во целина одигравме квалитетен натпревар и добивме самодоверба пред гостувањето во Шкотска. Малку недостигаше за овој резултат во Загреб да биде сосема поинаков“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата по мечот.

 

Игор Штимац, селекторот на Хрватска, пред вториот меч со Белгија, треба да оди во црква, да му се заблагодари на Бога за вечерашниот триумф, а како најголеми адути ги истакна стрелецот Јелавиќ и Манџукиќ.

 

„Им дозволивме на Македонците да имаат голем посед на топката и тоа не беше добро. Кај нас, топката не се движеше со посакуваната брзина. Но, потоа се созедовме и им честитам на фудбалерите затоа што не беше лесно по оној пораз од Швајцарија. Наши предводници беа Јелавиќ и Манџукиќ, тие се навистина сила кога се заедно. Одиграа одлично. Не сум задоволен од Ракитиќ, тој мора многу подобро“, истакна Штимац.

 

Капитенот Дарио Срна беше реален, дека Хрватска многу тешко и со доза на среќа дојде до победата, а го пофали Горан Пандев.

 

„Го чувавме Пандев, но не бевме многу успешни во тоа. Можам да кажам дека е играчиште. Македонија се покажа како многу квалитетна селекција. Инаку, среќни сме што победивме, на крајот тоа е најважно. Но, многу работи во играта мора да се подобрат. Да се надеваме дека со Белгија ќе биде уште подобро“, изјави Срна.

И за крај една слика од “Специјалниот” и легендата на Југославија Предраг Мијатович на Максимир.

 

извор : ekipa.mk

loading...
Loading...