Младите фудбалери на Македонија со пресврт до победа

Loading...

 

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари победа од 1-3 на гостување кај Северна Ирска. Со овој триумф избраниците на Бобан Бабунски ги задржаа шансите за освојување на место во групата кое води во бараж за ЕП. Во моментот, пред последното коло, се наоѓаат на третото место на табелата со 12 освоени бода, еден помалку од Данска и три помалку од лидерот Србија, селекција на која и гостуваат за крај на квалификациите.

 

 

Мечот почна лошо за Македонија, со оглед дека противникот поведе во десеттата минута со голот на Магенис. Но, тоа беше се што сторија домашните фудбалери на овој меч. Македонија се организира на полувремето и во вторите 45 минути се претстави во извонредно издание. Во 48.минута, Стефан Спировски го израмни резултатот, Филип Тимов во 72.минута ја доведе македонската репрезентација во водство, а точка на триумфот стави Александар Станков со голот во самиот финиш на мечот.

 

извор : ekipa.mk

loading...
Loading...