Плетикоса: Имаше контакт со Пандев, судијата можеше да свирне пенал

 

Недосудениот пенал, по стартот на хрватскиот голман Плетикоса, врз Пандев е една од причините што Македонија и покрај добрата игра загуби на „Максимир“.

Во 20-та минута по еден удар од аголот, се создаде мешаница пред голот на Хрватска, Горан Пандев не ја прими добро топката, се обиде да ја стигне, но падна по контактот со Плетикоса, впечаток е дека капитенот одеше на контакт со хрватскиот голман, но и дека Израелецот Јафет немаше да згреши доколку покажеше на белата точка. 

Плетикоса како голем спортсмен призна дека контакт меѓу него и Пандев имало. 

„Постоеше контакт со Пандев. иако тој не беше особено силен. Тој тргна да изнуди пенал и така се постави, а јас „кочев“ онолку колку што можев на лизгавиот терен. Малку го допрев но не толку за судијата да покаже на белата точка. Сепак, реално судијата можеше да досуди пенал“, искрено одговори Стипе Плетикоса.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: