Анализа: Тактичката совршеност на Бобан Бабунски и тимската сплотеност кај младите фудбалски бисери…

Димитриевски, Ристевски, Богдановиќ, Ант. Станков, Фазли, Бабунски, Ранѓеловиќ, Тимов, Ал. Станков, Најдовски, Спировски… тоа беше првата постава за мечот со Северна Ирска што нашите млади фудбалски бисери го добија со 1-3 на гостински терен, правејќи целосен пресврт на натпреварот по водството на домаќините од 1-0, составот на теренот беше надополнет со Таири, Цикарски и Мицевски кои влегоа како замени, а шанса од клупата не добија Ефремов, Брдаровски, Ашковски и Дробаров.

Реално и објективно ако погледнеме на работите, помалку како да се разочаравме што младиот „битолски феномен со топката“ Стефан Спироски беше вратен во Младата селекција, но, сепак можеби се покажа како еден од клучните фактори за големата победа над Северна Ирска. Спироски одлично се покажа на дуелот помеѓу Македонија и Литванија (сениори), па сите очекувавме да овој фудбалер својот голем талент да продолжи да го демонстрира токму кај Сениорите, но, навремената реакција на Бабунски да го врати битолчанецот во селекцијата за играчи до 21 годишна возраст сепак беше правовремена и одлична. Токму Стефан Спироски беше стрелец на израмнувачкиот погодок во 48-мата минута од мечот, постигнувајќи убав гол од слободен удар.

Составот маестрален, „идната македонска фудбалска виолина“ Давид Бабунски уште еднаш го потврди својот раскошен талент. Тимов доби употреблива топка од плејмејкерот Давид Бабунски, прецизен пас кој го исфрли Тимов сам очи во очи со голманот на Северна Ирска, добар пас кој младиот Тимов го искористи да го постигне голот кој можеби беше решавачки момент на овој натпревар, завршната реакција на Тимов беше одлична и резултираше со гол секако.

Во продолжението од мечот Антонио Станков добива употреблива топка и сето тоа го завршува со мајсторски финиш поигрувајќи си „дрско“ со одбранбениот играч на Северна Ирска и на крај следеше солиден финиш кој го даде „зелено светло“ за битка до последната секунда во Крушевац, на чекор до Бараж за пласман на ЕП.

Не смее да се изостави она најважното, „ТИМСКАТА СПЛОТЕНОСТ“ кај нашите млади фудбалски бисери. Зени Хусмани, големиот борец на теренот кој за жал не беше дел од оваа фудбалска манифестација оддели дел од своето време да им посака среќа и успех на своите колеги од младата репрезентација надополнувајќи „ВЕРУВАМ ВО ВАС!!!“ нешто што ги израдува големите љубители на Мак-фудбалот. Аплаузите одат и за „Битолскиот фудбалски талент“, Владица Брдаровски, кој не влезе во игра на мечот со Северна Ирска, а потоа не ја криеше својата радост за големиот успех па на својот „Фејсбук профил“ упати честитка до сите оние кои беа на теренот, веројатно Владица е поголем фудбалски професионалец и од Тевез, па во тој поглед може и часови по предавање да му држи на Аргентинската „ѕвезда“ на тема „фудбал, тимска сплотеност, фудбалска професионалност и слично…“ браво и за Битолчанецот, покажа што е професионалност.

Совршената фудбалска стратегија на Бобан Бабунски беше исто така еден од клучниот фактор за овие големи успеси кои ги бележи младата фудбалска селекција на Македонија, одлично „составен мозаикот, склопени коцките“ и сето тоа резултира со огромни успеси…

1-1 на домашен терен со силната млада селекција на Србија, израмнувачки погодок во 89-тата минута, дело на Хасани од пенал…

1-0 победа над Фарски Острови на домашен терен, голот дело на Фазли, минимална но и тоа како значајна победа…

1-1 со Данска на домашен терен, иако како и со селекцијата на Србија бевме во негатива од 0-1, голот на Несторовски во 78-мата минута донесе огромен бод за нашите млади фудбалери, повторно на сцена настапи тактичката подготвеност на Бобан Бабунски.

1-0 победа против С. Ирска на домашен терен, после толку бројни напади и целосна контрола на играта конечно го скршивме отпорот на гостите и тоа преку пенал кој го реализираше Урдинов во 83-тата минута од мечот, оние што го проследија мечот можат само едно да заклучат, младите Македонски фудбалски бисери целосно ги надиграа своите врсници од Северна Ирска, повторно на сцена Бобан Бабунски и неговата совршена стретегија.

1-1 со Фарски Острови на гостински терен, можеби клучниот „кикс“ во овој квалификациски циклус, губевме на овој меч но за среќа преку Несторовски израмнивме, па барем бод извлековме од овој меч. Зошто извлековме барем бод? Со автогол во 54-тата минута губевме со 1-0, но, Бобан Бабунски прави не една, туку две замени во наредните 13 минути, веќе во 77-мата минута „џокерот од клупата“ Несторовски му возврати со гол на укажаната доверба на Бабунски и извлековме бод од тој меч.

6-5 пораз од Данска на гости. Резултатот говори се… Верувале или не, на полувреме резултатот беше 5-1, повторно на сцена настапува „маестро“ Бобан Бабунски. До 65-тата минута од мечот при резултат од 6-1 ги прави сите 3 измени на мечот. И пазете што се случува, 65-та минута 6-2, 68-ма минута 6-3, 83-тата минута 6-4 (стрелец Таири, замената на Ан. Станков во 35-тата минута), 88-мата минута 6-5 и реално ова е и повеќе од очекуваното… Да не заборавиме на тоа дека Бабунски на овој меч во 65-тата минута од мечот го освежи средниот ред со големиот борец Зени Хусмани, токму средниот ред беше еден од најзаслужните за „чекорот до невиден пресврт…“

1-3 победа над Северна Ирска на гостински терен преку целосен пресврт, нешто за што пишувавме малку погоре…

Знае да се врати од негатива, знае да го крене тимот, знае да го извади џокерот од ракавот… тоа е умешноста на Бобан Бабунски…

Сума суманито…

Дали сакаме бараж?

Дали сакаме теоретските шанси да се трансформираат во историски успех?

Дали сакаме да го добиеме мечот со Србија, а Данска да „киксне“ против С. Ирска на домашен терен?

Би дале одговор „ДА“ на сите овие претходни прашања, но, поентата е сосема друга…

Младата селекција за играчи до 21 годишна возраст е најдоброто фудбалско нешто што и се случило на Македонија во нејзината фудбалска историја, зад тоа стојат факти и аргументи, фактите и аргументите се склопени во едно – резултатите.

Што и да се случи на последниот меч, дефинитивно овие млади фудбалери не направија горди, докажаа и покажаа како се бранат боите на својата држава, и со својата тимска сплотеност дефинитивно го кренаа на нозе барем „колку-толку“ репрезентативно-националниот фудбалски фанатизам и дух.

Главите горе и честитки за борбената и пожртвувана игра на сите млади репрезентативци. Пласман на ЕП или барем во бараж значи дека младите репрезентации кои би ни биле противници ќе имаат плус-противник… МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА!!!

Фото (Спироски во дуел):www.irishfa.com

 

Пронајдете не на следниве мрежи: