Цената на нафтата во пораст, се чекаат податоците од американскито пазар на труд

Loading...

 

Цената на нафтата порасна во петокот на меѓународните берзи во пресрет на објавувањето на извештајот од американскиот пазар на труд, кој би можел да укаже на јакнење на изгледите на најголемата светска економија.

Барел сирова нафта на лондонската берза поскапе 52 центи, на 114,01 долари, а на американската берза се продаваше по 39 центи повисока цена, од 95,92 долари.

Цените на нафтата благо пораснаа откако Европската централна банка во четвртокот објави план за купување на обврзници на задолжените членки на еврозоната.

„Побарувачката за нафта и натаму ја нагризуваат високите цени, тешко е да се купува по постојните ценовни нивоа“, смета Оливие Јакоб од швајцарски Petromatrixa.

Податоците објавени во четвртокот покажаа дека во американскиот приватен сектор во август неочекувано се отвориле 201 илјада работни места. Воедно новите барања за исплата на надокнадите за невработените во првата половина од неделата паднале на најниско ниво во последниот месец, што е оптимистички сигнал.

Се очекува дека владиниот извештај што ќе биде објавен денеска ќе покаже дека американските работодавачи во минатиот месец отвориле 125 илјади места. Во јули беа отворени 163 илјади работни места, а стапката на невработеност изнесува 8,3 отсто.

Преземено од Макфакс.

loading...
Loading...