Ќе тргне ли ФФМ во “трка“ за младиот талентиран фудбалер Борко Ѓорѓиев?

Борко Ѓорѓиев е со Македонско потекло, игра за Хрватската фудбалска селекција за играчи до 17 годишна возраст, стана познат во Хрватската фудбалска јавност кога пред година дена на свои 16 години заигра во првата Хрватска Фудбалска Лига во дресот на Интер Запрешиќ.

Поврзаноста на младиот и талентиран фудбалер Борко Ѓорѓиев со Македонија е во тоа што неговиот татко е роден во Македонија, во Радовиш, а токму пред речиси една година редакцијата на порталот „МКФУДБАЛ“ успеа да направи интервју со Ѓорѓиев кој изјави дека би му било драго еден ден да заигра за селекцијата на Македонија.

Инаку она што е најинтересно за Ѓорѓиев, на само 16 годишна возраст ја запиша историјата на Првата Хрватска Лига станувајќи најмладиот играч во нејзината историја што некогаш заиграл во таа лига. Тој голем историски момент се случи на натпреварот против Шибеник.

Еве еден апел до ФФМ да влезе во битка за добивање на младиот и талентиран фудбалер кој забележа дури седум настапи за Хрватската Фудбалска селекција за играчи до 17 годишна возраст.

Спортската редакција на „Пулс24“ ветува дека во скоро време ќе направи интервју со Борко и ќе ја долови моменталната ситуација поврзана со можноста да еден ден го добиеме ова талентирано момче.

Пронајдете не на следниве мрежи: